
Фудбалерите на Арсенал направија уште еден значаен чекор кон обезбедување пласман меѓу првите четири екипи во англиската Премиер лига и учество во Лигата на шампионите следната сезона, откако во саботата минимално на гости ја совладаа Астон Вила.
Во единствениот натпревар од саботата програма од 30-то првенствено коло стрелец на единствениот и победоносен погодок за лондонските „Топчии“ беше Букајо Сака ово 30 минута со удар од работ на шеснасетникот низ мноштвото нозе на домашните и гостински иргачи.
Арсенал остана на четвртото место сега со 54 бодови, четири повеќе со еден натправар помалку од петтопласираниот Манчестер Јунајтед. Астон Вила, пак, остана деветта со 36 бодови.
На врвот на Премиер е Манчестер Сити со 70 бодови, бод повеќе од вториот Ливерпул. Третопласираниот Челзи има 59 бодови со меч помалку.