Десетици украински војници загинале во руски напад врз касарна во Николаев

Десетици украински војници се убиени откако руски војници нападнаа украинска воена касарна во јужниот град Николаев, изјавија денеска очевидци за западни медиуми додека трае спасувачката операција.

Според нив, во касарната имало околу 200 војници во петокот во момент кога била нападната од руски војници.

Извлечени се најмалку 50 тела, тврдат тие и додаваат дека бројот на загинати е над 100.

Украинските власти сѐ уште не објавија официјален број на загинати.