
Фудбалерите на Милан во саботата повторно се осамија на табелата на Серија А откако во рамките на 30-то коло минимално со 1:0 на гости го совладаа Калјари, кој по поразот останува на 25 бодови и лесно може во недела да падне во зоната на испаѓање од лигата.
Погодокот вреден три бода за „Росонерите“ го постигна Исмале Бенансер во 59 минута со одличен волеј од 18-ина метри, откако топката за удар му ја остави Жиру.
Милан сега е сам на врвот со 66 бодови, три повеќе од второпласираниот Наполи, кој претходно на домашен терен со пресврт дојде до победата над Удинезе. По првите 45 минути гостите од Удине водеа со 1:0, благодарејќи на погодокот на Жерат Деулофе во 22 минута постигнат од 18 метри. Но во продолжението Виктор Осмнех со погодоците во 52 и 63 минута спречи изненадување. Нигерискиот напаѓач на 1:1 израмни со глава на уфрлување на Марио Руи, а за победа погоди од приземен удар на додавање на Ди Лоренцо. Ова е втора седмица по ред Осимнех со дава погодока да обезбедува победа за Напол од 2:1, пред шест дена тоа го стори на гостувањето ја Верона. Македонскиот репрезентативец Ељиф Еламас во 88 минута го замени Лоренци Инсиње. Удинезе остана на 30 бодиви и на 14-то место но има одложени два натпревара.
Интер киксираше на свој терен во борбата за врвот и одигра само 1:1 со Фиорентина. Гостите од Фиренца поведоа во 50 минута кога во домашниот петерец беше убаво проигран Лукас Тореира кој лесно го совлада Самир Хандановиќ, а само пет минути подоцна израмни Дензел Думфрис со идар со глава по нафрлувањето од Иван Перишиќ.
Со ремито продолжува кризата на „Нераѕурите“ кои во последните седум натпревари во Серија А остварија само една победа и моментално се трети со 60 бодови, но имаат и уште еден заостанат меч. Фиорентина, исто така, од 29 кола, сега е осма со 47 бодови и се вмешува во борбата за излез на европска сцена, два помалку од петтиот Лацио, а еден од шестта Рома и седмата Аталанта.