
Припадници на паравоената формација „Азов“, која се поврзува со крајно десните организации во Украина, планирале терористички напади во западниот украински град Лвов против дипломати од САД и други западни земји кои би требало да бидат припишани на руската војска, предупреди во саботата портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.
На дневниот брифинг за новинарите, Конашенков рекол дека за ваквите планови на ткн баталјон „Азов“ наводно известил припадник на Главната управа на украинското разунавање Службата за безбедност на Украина (СБУ) за одметнатите проруски источни региони Донецк и Лиганск, кој им се предал на руските единици.
„Сакам да истакнам дека водството на режимот во Киев е известено и свесно за овие планови на националистите, но не презеам ништо за да го спречи нивното спроведување“, рекол Конашенков цитиран од агенцијата РИА.
Според него, главната цел на провокацијата е „да се зголеми притисокот врз земјите на НАТО да воведат зона на забранети летови над Украина и да обезбедат дополнително оружје“.
Веќе кон почетокот на февруари, кога Западот предупредуваше на сѐ поизвесна руска воена операција во Украина, САД и другите нивни сојзуници ги дисплоцираа своите амбасади од главниот град Киев во Лвов на западот од земјата, на околу 70 километри од границата со Полска.
Самиот град не е цел на напади од руската војска, ниту во негова близина се распоредени единици, но во петокот, како што потврди руската војска, од далечина со високопрецизно оружје бил уништен делот со борбени авиони донесени за ремонт во фабриката крај Лвов.