
Скопската полиција изминатата ноќ двапати интервенирала по пријави за физички пресметки, од кои едната е меѓу жена и маж во преполн локал.
Во петокот околу 23,30 часот во Полициска станица Центар е пријавено дека во угостителски објект на подрачје на Центар по претходно недоразбирање е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу 37-годишната И.Ф.Г. и 40-годишниот Д.Д., и двајцата од Скопје.
Малку претходно, околу 23,10 часот во Полициска станица Аеродром, 21-годишниот М.П. до скопското село Кучевиште, пријавил дека околу 22.50 часот пред зграда на паркинг простор на подрачје на населбата Аеродром по претходно недоразбирање околу паркинг бил физички нападнат од 51-годишниот С.Л. од Скопје.