
Со цел да се утврди состојбата на терен и соодветно превентивно да се реагира, Стојанче Ангелов – директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), изврши во сабнотата увид на оштетената брана Липа во Неготинско, којашто протекува од многу места и има опасност од уривање на дел од насипот.
Ангелов оствари средба со градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, а потоа со раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи Неготино, Пане Трајков и со мал тим од општината и дописникот на МИА за тој регион, се упати кон село Липа, близу коешто е лоцирана истоимената оштетена брана.
По непосредниот реализиран увид и документирање на состојбата на терен, ќе следат и наредни чекори за превентивно дејствување од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, во координација со субјектите од системот за управувњесо кризи (СУК).