
Украинскиот претседател Владимир Зеленски во саботата коментираше на настапот на рускиот претседател Владимир Путин на московскиот стадион „Лужники“ по повод осумгодишнината од присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Руската Федерација уматувајќи мрачна порака којашто бездруго ќе влијае врз поголема поддршка за Путин во спроведувањето на она што Москва го нарекува „специјална воена операција“ во Украина.
Зеленски се огласи цел ден откако Путин ја пофали „специјалната воена операција“ во Украина како „херојска мисија“ во текот на споменатиот патриотски собир во Москва, на кој присуствуваа стотици илјади луѓе пред стадионот „Лужники“ , заедно со 95.000 на самите трибини.
„А сега замислете 14.000 човечки трупови на овој стадион, со уште неколку десетици илјади ранети и осакатени луѓе“, порача Зеленски алудирајќи на недокажаните процени од Киев за загубите на руската војска во Украина.
Меѓутоа истовремено Зеленси повика на итен преки на огнот.
„Војната мора да заврши, предлозите на Украина се на масата“, изјави Зеленски пред украинските новинари.
Гивернерот на Киевскиот регион, Олексиј Кулеба, изјави во саботата утрото дека најмалку 50.000 цивили се евакуирани од бобрените зони северно и северозападно од главниот град Киев, а властите продолжуваат со операциите на спасување.
Советникот на украинскиот претседател Олексиј Арестивоч, исто така, во саботата утрото рече дека имало повеќе борби меѓу руските и украинските сили на аеродромот Чернобаевка во близина на заземениот Херсон на југот на Украина.