
Германија со Катар се договорила околу долгогодишно партнерство за снабдување со енергенси, во прв ред со течен гас (LNG), објави во неделата во Доха германскиот министер за економија, Роберт Хабек
„Извонредна е веста дека цврсто договоривме намера за долгогодишно партенерство на полето на снабдувањето со енергија“, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек по средбата со катарскиот емир Тамим бин Хамад ал-Тани.
Според Хабек, таквата одлука дава навистина силен поттик, но сепак, не соопшти конкретни податоци за параметрите на соработката.
Министерот додаде дека претставниците на германскиот енергетски сектор кои го придружуваат на неговото патување во Катар и во Обединетите Арапски Емирати, ќе започна конкретни преговори околу склучување долгогодишни договори за снабдување со течен гас и водород.
Хабек во Катар отпатува за да договори можни идни испораки на течен гас, што е, со најавеното градење два LNG терминала, дел од стратегијата на Германија да ја намали зависноста од гас од Русија и покрај двата нафтовода Северен тек, од кои вториот во услови на западните санкции поради војната во Украина веројатно уште долго нема да профункционира.
„Иако оваа година сѐ уште нема да можеме да дојдеме до целта да бидеме независни од рускиот гас, порачуваме дека тоа во иднина ќе бида остварено“, уверуваше Хабек во Доха.
Додаде дека освен со Катар, за засилени испораки на течен гас Германија разговара и со Норвешка и со Канада.
Катар е најголем светски произведувач на течен гас, но неговиот извоз главно е ориентиран на поскапиот пазар во Азија каде што има и развиена LNG инфраструктура.
Но уште во февруари катарскиот министер за енергатика Саад ал-Кааби предупреди дека нути Катар ниту другите земји-производители немаат капацитет, барем за брзо време, да го заменат рускиот природен гас во Европа доколку се прекине снабдувањето поради руско-украинскиот конфликт. Главниот проблем е што Катар има склучени долгогодишни договори со корисниците во Азија, и според процените само 10 до 15 отсто од продадениот гас веројато може да се пренасочат кон Европа.
Германија по руската офанзива во Украина, следејќи ги западните сојузници, најави дека сака да постигне независност од руските енергенти. Но оваа земја во моментов повеќе од 50 отсто од своите потреби за земен гас ги покрива со увоз од Русија.