
По кусо боледување денеска почина професор д-р Божидар Маслинков, поранешен ректор на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола.
Маслинков роден е на 18.12.1943 во Битола. По гимназиското образование, ово 1966 година се запишува на Природно–математичкиот факултет во Скопје.
Mагистрира во 1983 година на Хемиско–технолошкиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Скопје, а во 1992 година и докторира на Хемиско–технолошкиот факултет во Загреб.
Неговата наставно–педагошката активност започнува во 1969-та. Избран за надворешен соработник на Педагошката академија во Битола, подоцна како професор на Вишата земјоделска школа и Вишата медицинска школа, исто така, во 1969 година.
Избран за вонреден професор на Факултетот за учители и воспитувачи во 1995-та. Избран е за ректор на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во периодот 1999 – 2003 година.
Има објавено повеќе од 20 трудови во Македонија и странство.