ПСЖ декласиран кај Монако

Водечкиот тим во француското фудбалско првенство Пари Сен Жермен во првиот неделен меч од 29-то коло беше поразен со 0:3 на гостувањето кај Монако.

Победата на Монако му ја донесоа Висам Бен Једер со два погодока, во 25 и во 84 минута од пенал, и на Кевин Воланд во 68 минута.

Ова е четвртиот пораз на ПСЖ сезонава во првенството, но и натаму е водечки на табелата со 65 бодови, 15 повеќе од второпласиранта Нива. Монако е седми со 44 бодови, два помалку од местата кои водат во квалификациите за европски натпреварувања.