ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ во криза троши на мебел, перење на коли, жардињери, цвеќиња и хотелски услуги

Власта на СДСМ и ДУИ, администрирана од Ковачевски безмилосно ги троши народните пари за луксузирање. Во период за кој самите рекоа дека знаеле за кризата која престои трошеле пари за мебел, возила, цвеќиња, кафиња и хотелски услуги, реагираат во неделата од опозицската ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да ги насочат парите кон граѓаните и стопанството тие аздисувале.

Министерството за политички систем трошело за перење коли 350 илјади денари, за ажурирање на веб сајт 530 илјади денари, за набавка на жардињери 400 илади денари, а за консултантски услуги 470 илјади денари.

Министерството за надворешни работи потрошило 1.370.000 денари за мебел, 590 илјади денари за подароци и 350 илјади денари за цвеќиња.

Секретаријатот за европски прашања раководен од Маричиќ потрошило 700 илјади денари за мебел и перење на коли, а министерството за внатрешни работи на Спасовски дури 15.400.000 за канцелариски мебел.

Овие и уште многу други непродуктивни трошења во рок од 5 месеци испумпале над 2 милиони денари од буџетот кои можеле да се искористат за поддршка на студентите, учениците, земјоделците, стопанството, образованието или здравството.

Народот тоа го гледа, а СДСМ затоа се нервозни“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.