Во Русија потврдиле загинување на висок морнарички офицер во Мариупол

Руски функционери потврдиле дека заменик-командант на руската Црноморска флота поручникот на боен брод Андреј Палиј загинал во борбите во јужниот пристанишен град Мариупол, пренесува BBC.

Претходно BBC пренесе дека Украина објавила дека нејзините сили го убиле Палиј. Поради блокадата на руските медиуми, не е во можност да се провери информацијата од руските извори, а неговата смрт наводно ја потврдил секретарот на Нахимовската школа на воената морнарица Константин Царенко на социјалната мрежа ВКонтакте (VK).

Подоцна рускиот сенатор од Севастопол, историското седиште на руската Црноморска флота, напишал на социјалната мрежа дека „Севастопол претрпел тешка, ненадоместлива загуба. Палиј загина во борбите за ослободување на Мариупол од нацистите“, пренесува BBC.

Гувернерот на Севастопол, Михаил Развожеав на Telegram напишал дека „Андреј Николаевич ја избра одбраната на татковината како свое животно дело и загина за нашата мирна иднина“.

Украинската војска објави дека досега убила пет руски генерали кои директно учествуваат во борбените операции со своите единици, но Русија досега ја потврди смртта на само еден генерал – Андреј Суховецки.