Германија ќе ја прави основата на војските на ЕУ за брза интервенција

Европската унија од 2025 година треба да добие сили за брза воена реакција, а германските војници би требало да ја правата основата на таа единица, договорено е на состанокот во понеделнико на министрите за одбрана и за надворешни работи на земјите членки на Европската унија.

„Сега е важно да се испрати сигнал дека сме тука еден за тругиот ако затреба“, изјави германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт на маргините на состанокот одржан во Брисел.

Ламрехт, која е министерка од редовите на Социјалдемократската партија на Германија (SPD), истакна дека германските војници ќе ја сочинуваат главнината од оваа нова планирана воена формација.

Единицата би требало да брои до 5.000 војници и би требало да биде формирана до 2025 година. Таа би била дел од поширокиор безбедносен концепт кој на состанокот во Брисел го договорија земјите членки на ЕУ.

Овој концепт уште пред неколку годни го промовираше Германија, но тогаш беше оценет како обид за формирање европски сили надвор од командата на НАТО односно САД, но сега по промената на политичките сили во Берлин и руската воена операција во Украина, дипломатски извори во Брисле велат дека уште еднаш е преработен и без конфронтации со евентуалната надреденост на Вашингтон.

Ламбрехт таквата единица за брза реакција на нарекува „јадро на „новиот концепт“ и истакнала дека „моментално се испитуваат можностите како потенцијалите на НАТО да се усогласат со новонастаната единица“ за да се „добие максимален ефект“.

Новиот безбедносен концепт би требало да ги замени досегашните ткн „Battelgroup“ од под две единции со по 1.500 војници. Во последните повеќе години се јавија проблеми со недоволен број војници за овие единици.