5.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

Нова епидемија на птичји грип во Романија

Романија пријави нова епидемија на високо патоген птичји грип H5N1 на фарма на југот на земјата, објави денеска Светската организација за здравје на животните (OIE).

Епидемијата во градот Оинаку во близина на границата со Бугарија уби 6.770 птици, а го уништи остатокот од јатото од речиси 34.000 животни, соопшти OIE со седиште во Париз, цитирајќи информации од романските здравствени власти, пренесува Reuters