
Претпладне сончево време, попладне со мала до умерена облачност најавуваат метеоролозите за денеска. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од -10 до -3, додека дневните ќе достигнат максимални 13 степени.
Слично време и во Скопје со максимална дневна температура до 11 степени.
Сончево време до максимални дневни температури од 15 степени се најавуваат за утре. Можна е мала до умерена облачност, поголема во источните делови. Ќе дува засилен, на места силен ветер од северен правец.
Во следните следува сончево и стабилно време со пораст на дневните температури. Во петок прогнозирани се 23 степени.