Украина не може да се согласи на руските ултиматуми, повтори Зеленски

Украина не може да прифати никави руски ултиматуми за да запре војната, изјави повторно во понеделникот украинскиот претседател Владимир Зеленски во разговорот за украинската телевизија потврдувајќи дека е далеку постигнувањето на договорот.

„Украина не може да прифати ниеден ултиматум на Русија. Прво ќе мора сите да нѐ уништите, само тогаш нивните ултиматуми ќе бидат исполнети. Ние (Русите) поставуваме ултиматум, еве ги сите точки, исполнете ги и тогаш ќе ја запреме војната: тоа не е исправно, тоа нема да даде резуллтати“, рече Зеленски во разговорот за Sipsilne, кој на својата интернет страница објави видео снимката од ова интвервју.

Зеленски притоа тврди дека „народот е обединет“, и посочи дека Русија предложи воените формации во Мариупол без оружје да се извлечат од градот.

„Но ние, жителите на Харков, ниту оние во Мариупол, ниту оние во Киев, ниту јас, претседателот, тоа не можеме да го направиме. И тоа добро го гледаме во окупираните градови Мелитопол, Бердџанск… Луѓето не се даваат. Тие (Русите) го креваат знамето, луѓето го симнуваат“, тврди Зеленски.

„Што сакате? Да нѐ уништите сите. Затоа велам: Ќе го исполниме тој ултиматим само ако повеќе нѐ нема“, заклучи Зеленски.

Зеленски во вторникот преку видео-врска ќе се обрати во италијанскиот парлемент а во средата во францускиот, во кампањата осмислена од неговиот западен пиар како што претходно се обраќаше пред пратениците на САД, Велика Британија, Канада, Германија и Израел барајќи уште повеќе пари и уште повеќе оружје.