Зеленски: Евентуалниот компромис со Русија треба да биде ставен на референдум

Можниот компромисен договор со Русија, вклучително и за безбедносните гаранции на Украина, треба да биде ставен на референдум, смета украинскиот претседател Владимир Зеленски.

„Им објаснив на сите преговарачки групи: кога зборувате за сиве овие промени, а тие можат да бидат историски, ние нема каде да одиме, ќе пристапиме на референдум“, изјави Зеленски во понеделникот во интервјуто за повеќе европски и украински телевизии објавено на украинската јавна телевизија.

Според него, народот ќе треба да каже и да даде одговор за одредени формати на компромисите, но оти какви ќе бидат тие, е веќе прашање на разговорите и разбирањата меѓу Украина и Русија.

„Секако, компромисот во преговорите меѓу Украина и Русија ќе се решаваат со сеукраинскиот референдум. Тоа се однесува на прашањата за безбедносниот гаранции, привремено окупираните територии Донбас и Крим“, додаде Зеленски.

Истовремено украинскиот преговарач Михаило Подолјак за BBC изјави дека по 26 дена војна има одредени промени во мировните преговори.

„Отпорот на Украина ја принуди Русија посоодветно да ја процени реалната ситуација, што помогна да се поттикне некој вид дијалог“, посочи Подолјк.

Наведе дека секоја одлука за мировен договор ќе биде донесена помеѓу украинскиот и рускиот претседател Владимир Зеленски и Владимир Путин. Според Подолја, сè уште не е договорен датумот за средба на Зеленски со Путин.

Не ее откри детали од преговорите, но изрази незадоволството од одбивањето на НАТО да воведе зона на забранети летови во Украина

„Тие не го затвораат нашето небото, туку стојат настрана во време кога 10 милиони луѓе бараат место за живеење, а три милиона веќе ја напуштиле земјата. Ова е хуманитарна катастрофа во Европа“, рече Подолјак.