
Сообраќајна несреќа се случи пред околу еден час во скопски Аеродром.
Според информациите добиени од МВР автомобил „Фиат“ и мотор се судриле на крстосницата помеѓу булеварите Србија и Трета македонска бригада.
Од полицијата информираат дека има тројца повредени лица, еден од нив е возачот на автомобилот, а двајца се од моторот.
Двајца од повредените се пренесени во старата градска болница „Наум Охридски“, а еден од повредените е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Сообраќајната несреќа е пријавена во 13:30 часот, а увидот е во тек, информираатод Министерството за внатрешни работи.
Фото: Курир