Папата порача дека повеќе оружје не е долгорочно решение за војната во Украина

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, порача во средата дека војната во Украина покажала дека човештвото мора да го отфрли „чудниот инстикт за самоуништување“ и дека испораките на повеќе оружје не е конечното решение за ниеден судир.

Папата барапе од учесниците на неовата седмицачна општа аудиенција да се присетат на сите жртви на војните, мртвите, вклучително и „паднатите војнции на едната или на другата страна“, ранетите, бездомниците и бегалците“.

„Бог да го испрати својот дух да сфатиме дека војната е пораз на човечноста, дека мораме да ги поразиме сите оние кои водат војна… (Водењето војна) е потреба којашто нѐ уништува“, рече папата молејќи го Господ „да нѐ ислободи од оваа потреба за самоуништување“.

Ова е вторпат откако почна војната во Украина, папата Франциск да алудира на нуклеарната војна.

Папата неколкупати силно ја осуди војната, но ја критикуваше Рисија само имплицитно, досега избегнувајќи да го спомене името на земјата. За војната користеше термини како наоправдана агресија, масакр и ѕверства без одредување на страните во судирот.

Русија тврди дека на 24-ти февруари ја започна својата „специјална воена операција“ по јасните сознанија дека украинската војска се подготвува за воено решение на проблемот со отцепените доминантно руски региони на истокот на Украина кои по превратот впо Киев во 2014 година подрржан од Западот беа укинати нивните дотогашни права. Покрај тоа, Москва последните документира дека Украина се подготвувала за развување на нуклеарно и биолошко-хемиско оружје, поради што нејзината офанзива има цела да ја демилитаризира соседната земја и да го исчисти она што го нарегува неонацизам, а кој доаѓа од западниот претежно католички дел на земјата.

„Да се помолиме оние коишто управуваат да сфатата дека купувањето и производството на оружјето не е решение за проблемите. Решението е задно да се работи за мир, како што Библијата вели, оружјето да се претвори во инструмент на мирот“, изјави папата.

И порано папата Франциск изјавуваше дека буџетите потрошени на оружјето треба да бидат пренаменети во други цели, како борабта со гладта во светот и развојот и распределбата на вакцините. Исто така, повикуваше на забрана на нуклеарното оружје, велејќи дека е неморално дури и неговото поседување како средство за одвреќање