
СВР-Битола информира дека сообраќајната полиција почна со примена на мобилни камери кои, како што соопштија, се обезбедени преку проектот ИЦИТАП, односно програма на Одделот за правда на Владата на САД.
– Со мобилниот систем на снимање ќе се добие квалитет при документирање на прекршоците, како и квалитет при полициско постапување, професионалност и транспарентност, посочија од СВР-Битола.
Од битолската сообраќајна полиција денеска нагласија дека засилените сообраќајни контроли на територијата на СВР-Битола продолжуваат, а се со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.