
Земјите членки на НАТО мора да ги надоместат кастрењата во издвојувањата за одбраната за Алијансата да биде поподготвена за потенцијални судири, рече во средата командантот на силите за брз одговор Јерг Волмер и порача дека мора да биде промената парадигмата на пактот.
„Имаме неверојатно количество сили, но нашиот недостаток е што повеќето од тие сили не се во секој момент подготвени за судир, едноставно бидејќи ја немаат целата опрема којашто им е потребна“, изјави Волмер за Reuters на маргините од маневрите „Студен одговор“ (Cold Response) на северот на Норвешка.
Вилмер е командант на Командата на здружените сили „Bunssum“ на НАТО, задолжени за одбрана на североистокот на пактот, како и на силите за брз одговор на Алијансата (NRF). Овие сили се составени од околу 40.000 војници и делумно се распоредени првпат откако Русија ја започна офанзивата во Украина кон крајот на февруари.
„Клучно е повторно да се изградат нашите капацитети. Станува збор за бројки, но и за повторно воспоставување единци подготвени за судир – тоа е следниот чекор – повторно да се обврзат за пријава во НАТО“, вели Волмер алудирајќи на процедурата според којашто една членка го информира сојузот дека има војска коајшто е подготвена во секој момент.
Украинската криза довела НАТО да ја напушти својата парадигма на експедициски мисии изминатите 20 годни, како што во Брисел ги опишуваат војните во Авганистан и во Ирак, во Либија, во некогашна СР Југославија….
Волмер истакнува дека „заканата со којашто Европа денес е соочена поради Русија е сосема од поинаков вид“.
„Овие експедициски мисии беа војни коишто ги избравме. Донесовме политички одлуки да учествуваме во нив и баравме од нашите сојузи да испраќаат контингенти или сили“, рече командантот на НАТО.
„Сега, а тоа е таа промена на парадигмата, потребни ни се сили коишто ќе му се јавуваат на НАТО однапред за да ги имаме подготвени за судир и војна во моментот на политичка одлука за распоредување на војските. Ни требаат сили кои се подготвени и во мир. Подготвени за борба и способни за брза мобилизација“, вели Волмер.
Според него целта е да се има сили на североистокот на НАТО, односно кон Русија, на три нивоа: оние кои ќе одговорат на заканата во рок од 10, 30 или 180 дена.