
Синдикатот на полицијата за во среда идната недела најавува протест. Оттаму ги повикуваат нивните членови и вработени во Министерството за внатрешни работи масовно да излезат и да дадат свој придонес во остварувањето на правата пред се за достоинствен живот и повисоки плати.
Дел од барањата на Синдикатот се зголемување на платите, зголемување на вредноста на бодот (1 евро – 1 бод) и враќање на професионализмот во полицијата.
Протестот, според најавите, ќе започне во 15:30 часот од пред Собранието, по што ќе се упатат кон Владата.
Од СПМ ги охрабруваат вработените во МВР и им порачуваат да не подлегнуваат на притисоци и закани, но и да се изборат за своите права.