
Нешто по 10:00 часот во седиштето на Алијансата во Брисел почна вонредниот самит на лидерите на земјите членки на НАТО, а меѓу 30-те лидери е и американскиот претседател Џозеф Бајден.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг им рече на присутните дека се собрале во „критичен безбедносен момент“ и истакна дека сите се обединети во осудата на „неиспровоцираната агресија на Кремљ“ и поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
– Решени сме да продолжиме да наметнуваме притисок врз Русија со цел да се стави крај на оваа брутална војна. Ја почитуваме храброста на украинскиот народ и армија во борбата за слобода и права. Ја препознаваме и храброста на оние во Русија кои храбро зборуваат против војната – рече Столтенебрег на почетокот на состанокот на Северноатлантскиот совет.