
Елиф Елмас се враќа на голема врата. Не е повреден и подготвен е веќе во вторник да истрча на терен. Тој заедно со Тихомир Костадинов се враќаат по санкцијата.
„Костадинов и Елмас ќе ја зголемат конкуренцијата во нашиот тим во финалниот меч. Адеми и Николов не се повредени, многу се потрошија, а Аријан доаѓа од повреда и калкулирана беше таа замена“, изјави Милевски на пресот.
Македонија оди на мегдан против Португалија во вторник, а мечот е закажан во Порто. Патникот патува на СП 2022 во Катар.