
Гори борова шума и сува трева на пет километри од карбинското село Радање. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека на терен се десет пожарникари со две противпожарни возила.
– Станува збор за поголема површина која е зафатена, во тек е гаснењето на пожарот од страна на пожарникарите – вели Коцев.
Пожарот е пријавен од страна на месното население пред еден час и е над селото Радање под планината Плачковица.