
На 25.03.2022 во 13:07 часот во СВР Штип, било пријавено дека настанал пожар на стрништа на потегот помеѓу с.Спанчево и с.Облешево, кој зафатил овоштарник засаден со лешници во атарот на с.Облешево, сопственост на Ј.Г.(52) од с.Спанчево, општина Чешиново-Облешево.
Повредени лица нема, а увид на местото извршиле екипа од ОВР Кочани, инспектор за заштита и спасување од ДЗС-Виница и државен инспектор за земјоделие.