
Во СВР Охрид вчера во 16 часот било пријавено дека настанал пожар на излез од Струга, при што била зафатена сува трева и две хаварисани возила во плац на автосервис.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
Вчера во 15:30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека настанал пожар над село Присовјани, при што била зафатена сува трева, високостеблеста шума и куќа на Ѓ.К.. Повредени лица нема. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Струга.