Ковачевски имал телефонски разговор со премиерот на Украина

Премиерот Димитар Ковачевски вчера доцна попладне имал телефонски разговор со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ, при што му пренел дека сочувствуваме со Украина и истовремено се восхитуваме на храброста со која Украинците ја бранат својата слобода и сувереноста на државата.

– На колегата Шмигаљ му порачав дека Северна Македонија е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и НАТО, и е во постојана координација за поддршката на Украина. Подготвени сме да ги прифатиме граѓаните на Украина доколку побараат времено засолниште во нашата земја и остануваме во контакт за сите идни активности за поддршка и помош, напиша утрово на Фејсбук Ковачевски.

Премиерот Шмигаљ, како што додава македонскиот премиер, се заблагодарил во име на граѓаните на Украина за досегашната поддршка и помош.