
Во моментов се разработуваат модалитетите за плажања на рускиот гас во рубли, но со асполутно увереност можеме да кажеме дека Русија дефинитивно нема да испорачува гас бесплатно, изјави во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Процесот на снабдувањето (со гас) е многу многу сложен. Тоа не е купување на некој производ во продавнциа каде што го земата и плаќате на касата. Тој подразбира и испорачување, и плаќање и бланасирање, тое е процес за кој е потребно време. Сега се разработуваат сите модалитети“, изјавил Песков за новинарите.
Прецизирал дека за ова прашање се водат дискусии во соодветните ресори, како и со државниот гасен гигант „Газпром“.
На новинарско прашање какви би биле постапките доколку Европа одбие да го плаќа енергенсот во рубли, Песков кусо одговорил дека Русија тие „прашања ќе ги решава кога ќе дојдат“.
„Недвосмислено е дека нема да испорачуваме гас бесплатно. Тоа може да се каже со апсолутна сигурност. Сепак, во нашата ситуација, тешко дека можеме дури и целисходно да се вклучиме во сеевропските хуманитарни цели“, рекол Песков алудирајќи на санкции коишто Западот ги воведе против Русија во врска со нејзината офанзвува во Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин минатата седмица им наложи на соодветните државни институции и на „Газпром“ да спроведат мерки до 31-ви март за промена на валутата за плаќање за испораките на гас во земјите од ЕУ и други кои воведа санкции., по што купувачите на рускиот гас зазедоа различни позиции за претворањето на пресметките во рубли.
Германскиот канцелар Олаф Шолц истака дека во договорите, главно по 2015 година се наведени и други валути, но оти главно се споменуваат еврото и доларот. Роберт Зеверин, од германското министерство за економија, истакна дека увзонициет се обврзани да гарантираат почитување на договорите.
Италијанскиот премиер Марио Драги, пак, смета дека префрлњањата на исплатите во рубли е прекршување на договорите. Од друга страна, молдавскиот вицепремиер Андреј Спину рече дека новите услови од Москва нема да влијаат, бидејќи договорот меѓу „Молдавагаз“ и „Газпром“ вече предвидуваат плаќања во руската валута.
Истовремено руското министерство за финансии очекува дека западните пари ќе се прилагодата на одлуката плаќањата да се извршуваат во рубли и ќе сфатат дека руската валута не е помалку веродостојна до другите.