Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во Турција

Преговорите меѓу Украина и Русија, според најавите, продолжуваат утре во Турција и ќе траат до среда.

Како што пренесуваат медиумите, преговорите ќе се одржат во Анкара, а за истите разговарале претседателите на Турција и Украина, Реџеп Таип Ердоган и Володимир Зеленски.

Турција се надева на мир, а Зеленски порачал дека Украина е подготвена да разговара за неутралност и ненуклеарен статус на земјата ако добие безбедносни гаранции.

Сепак, Зеленски додал дека нема да седне на преговарачка маса со Русија ако не се разговара за демилитаризација.