
Евакуацијата на цивилите преку безбедните коридори од украинските градови во понеделникот нема да биде можна поради наводните закани коишто ги претставува руската војска, според украинската вицепремиерка Ирина Верешчук која тврди дека „постојат информации за можни провокации“ во тие области.
Москва од почетокот на нејзината офанзива во Украина го обвинува Киев и неговите паравоени единици не им дозволуваат на цивилите да се евакуираат од опколените градови, користејќи ги како жив штит.
Украина, пак, исто така, ја обвинува Русија дека ја саботира евакуацијата на цивилите особено од спорните области. Руската страна возвраќа на тоа дека украинските власти не прифаќаат безбедносни коридори, како и дека оние цивили кои сакаат да се евакуриаат кон проруските региони во Донбас или кон Русија присилно се упатуваат кон западот на земјата и кон Полска.
Украинските медиуми ги пренесуваат тврдењата на повеќе регионални власти за продолжување на руското гранатирања во разни делови од земјата.
Во околината на Киев, според истите извори, се водат борби по должината на автопатот, а областа била изложена и на воздушни напади. Во северниот град Чернигов, украинските војници во текот на ноќта одбиле напад на руски единици. Областите на Житорми и Харков, наводно биле под ракетен оган, но руските единици велат дека во двете области нема водрбени дејствија.