
Блокчејн компанијата „Ronin“ во вторникот објави дека хакери од системот ѝ повлекле 615 милиони долари во криптовалути, што би бил најголемиот грабеж од овој вид во историјата.
Како што е објавено, неидентификувани хакери на 23-ти март украле 173.600 токени ether и 25,5 милиони токени USD Coin. Вкупната вредност на овие криптовалути во моментов изнесува над 614 милиони американски долари.
Во „Ronin“, чија главна дејност е развивање видео-игрри, кражбата ја откриле во вторникот и изјавија дека соработуваат со „низа владини агенции за да обезбедат криминалците да бидат изведени пред правдата“.