
Комисијата за заразни болести на денеска одржаниот состанок одлучи да даде препорака за укинување на носењето маски за учениците во средните училишта и да се овозможи организирање екскурзии за учениците во основните и средните училишта, изјави портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.
Посочи дека се уште важат препораките наставниот и техничкиот кадар да носат маски.
„За укинување на останатите мерки ќе почекаме уште една недела. Епидемиолошката состојба има тренд на надолна линија, се намалува бројот на заразени и хоспитализирани“, додаде д-р Мехмедовиќ.