
Украинските власти соопштија дека најмалку 148 деца се убиени во руските напади од почетокот на инвазијата.
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека Русите од 24 февруари истрелале 1.370 проектили и уништиле 15 украински аеродроми.
Повеќе од 10 милиони Украинци ги напуштија своите домови поради војната, а околу четири милиони заминаа во соседните земји како бегалци, соопшти Министерството.
Според последната проценка на ОН, во војната досега се убиени повеќе од 1.100 цивили, меѓу кои и деца.