Зеленски побара од холандскиот параламент прекин на целата трговија со Русија

Украинската претседател Владимир Зеленски побара во четвртокот во обраќањето парлементот оружје, помош за обвинување и запирање на целата трговија со Русија како одгвовор на офанзувата во неговата земја.

„Потребни се појаку санкции за Русија не би имала можност и натаму да ја продолжи оваа војна во Европа. Запрете го сето тргување со Русија“, им рече Зеленски на холандските пратеници обраќајќи се преку видео-врска.

Зеленски, кој е првиот челник на странска држава кој се обратил на пленарна седница на Претставничкиот дом на холандксиот парламент, рече дека Холандија „мора да биде подготвена да го запре увозот на енергенсти од Русија за да не би плаќала милијарди за војна“,

Околу 20 отсто од природниот гас кој го користи Холандија доаѓа од Русија којашто последните години стана и сѐ повежен трговски партнер на холандското стопанство.

Холандија, како и другите земји во ЕУ, бара алтернативни извори на енергенси, но признава дека има малку алтернативи а глобалните капацитети се ограничени.

Холандија ја снабдува украинската армија спо воена опрема и оружје, вклучително и со противтенковски ракети и системи за противвоздушна одбрана „Patriot“, а во политичка смисла ја поддржува зголемената присутнот на НАТО во близина на руските граници.

Алидурајќи на судовите за воени злосторства во Холандија, Зеленски истакна да одговорните за воени злосторства треба да одговараат.

„Тие кои ја дале наредбата (за бомбардирање и гранатирање Украина) мора да бидат повикани на одговорност, Во Хаг, градот на трибуналот, луѓето тоа го знаат“, рече украинскиот претседател.