
Во четвртокот во Полициската станица Бит пазар било пријавено дека околу 14 часот во училница во средно училиште на подрачјето на Чаир се случила физичка пресметка меѓу двајца малолетни соученици.
Според пријавеното, тие биле разделени, по што едниот од нив излегол од училницата и набргу потоа се вратил со уште едно лице и се обиделе физички да го нападнат другиот ученик.
Како што е пријавено, тие биле спречени од останатите ученици, меѓу кои и ученичка, која ја повредиле.
Подоцна во четвртокот, во 19 часот во Полициската станица Кисела Вода, 45-годишен маж од Скопје пријавил дека неговиот малолетен син, ученик во основно училиште, во неколку наврати на игралиштето во дворот на училиштето бил физички нападнат од тројца малолетници, соученици во училиштето.
Според пријавеното, малолетниците ги снимале настаните, а снимките ги споделувале на социјални мрежи и меѓу другите ученици.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.