
Инфлацијата во Италија достигнала седум проценти, што не се случило од 1991-ва година, објавил Италијанскиот институт за статистика. Според податоците, цените се зголемиле за 1,2 процента на месечно ниво, а седум проценти на годишно. Така, инфлацијата која се зголемува девет месеци по ред, во март достигнала речиси седум проценти.
При тоа, цените на дизелот се зголемиле за 38,3 проценти, бензинот скокнал за 31 процент, енергенсите за 37,4 проценти, а на другите горива за 45 проценти.
Струјата пораснала за 65,6 проценти, а цените на природниот гас за 4,6 проценти во однос на февруари годинава. Прехранбените производи поскапеле за 5,8 проценти.
Според Здружението за заштита на потрошувачите „Кодаконс”, зголемувањето на цените ќе ги чини италијанските семејства 2.674 евра повеќе на годишно ниво, а само за храна е мора да издвојат најмалку уште 434 евра на годишно ниво.
Ситуацијата не е многу поразлична во останатите земји од ЕУ. Инфлацијата во Германија е 7.3 проценти, во Шпанија речиси 10 проценти, а во Франција 5,1 процент.