
Во дербито на 28-то коло од германската фудбалска лига во последниот дуел од саботната програма, РБ Лајпциг со високи 4:1 во Дортмунд ја победи домашната Борусија, помогнувајќи му на водечкиот минхенски Баерн да создае голема предност на шест кола до крајот.
Клубот од источна Германија протатне низ Дортмунд со двата погодока на Конрад Лаимер во 21 и 30 и на недостижните 3:0 веќе во 57 минута го одведе Кристофер Нкунку. „Милионерите“ намалија во 84 минута преку Донел Мален но само две минути подоцна повторно на „плус три“ Лапјциг го донесе Дани Олмо.
Борусија Дортмунд остана второпласирана но сега со девет бодови помалку од првопласираниот Баерн кој има 66 бодови. РБ Лајпциг се зацврти на четвртата позиција, последната којашто води директно во Лигата на шампионите, со 48 бодови или три повеќе од Фрајбург кој со идентичен резултат на домашен терен беше поразен токму од Баварците.
Сите голови на тој меч беа постигнати во ворото полувреме. Баерн поведе преку повратникот по скрешницата на ногата Леон Горетцка во 58 минута а Нил Петерсен. Но потао следуваше рафалот на госите преку Серж Гнабри во 73, Кингсли Коман во 82 и Марсел Саблицер вп шестата минута од судиското продолжение.
Хофенхајм дома беше поразен од Бохум со 1:2. Гостите поведоа во 28 минута со голот на Такума Асано а домашните израмнија во 54 минута преку Давид Раум, но Асано семо пет минути подоцна го постави конечниот резултат во полза на Бохум.
Хофенјахм испушти можност да го мине Фрајбург во борбата за место во Лига Европа и остана на 44 бодови на шестото место кое води во послабата според квалите Европска конференциска лига. Бохум со сега со 35 бодови е 11-ти.
Арминија Билефилд и Штутгарт одиграа 1:1 со головите на Флориан Кригер во 59, односно на Саша Калајџиќ во 25 минута од пенал. Арминија е 16-та, на позиција од која оди во доигрување за опстанок, со 26 бодови, колку што има и Херта место подолу кое директно води во втората лига. Штургарт има само бод повеќе и е на 14-то место.
Баер Леверкузен дома со 2:1 ја совлада Херта, во меч во кој конечниот резултат беше постигнат во првиот дел. Домашните водеа со 2:0 со головите на Лукас Аларио во 34 и Карим Белараби во 40, а гостите намалука преку Владимир Дарида во 42 минута.
Баер Леверкузен опстои на третото место со 51 бод, а Херта остана претпоследна 17-та со 26 бодови, израмнета со Армонија и Аугсбург кои се едно односно места пред неа на табелата.
Ајнтрахт Франкфурт и фенерџијата Гројтер Фирт одиграа без голови. Ајнтрахт е деветии со 39 бодиви а Фирт е последен со само 16 бодови.