
Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ апелира до медиуми и портали да не шират лажни и искривени информации во врска со петиции за преименување на улици во различни земји, каде се наоѓаат руски амбасади и дипломатски претставништа (што навистина е глобална инициатива на Украинското МНР на знак на солидарност со Украина), а поконкретно, да не шират провокативна и нецелосна информација дека наводно е побарано улица „Македонија“ во Варна во Република Бугарија да се преименува во улица „Украина“.
Со тоа се поттикува омраза помеѓу трите земји и се дава повод за злонамерни гласници кои поддржуваат руската агресија врз суверена Украина да предизвикуваат непотребни тензии во моментот кога најмалку се потребни и во земјата и пошироко, особено во врска со чувствително прашање на членство на Северна Македонија во ЕУ, велат од здружението.
Поради тоа, ве молиме внимателно да ги пренесувате информациите, а имено дека иницијативата беше само делот на улицата каде се наоѓа рускиот конзулат во Варна да се преименува во улица „Украина“, а не и целата улица. Покрај другото, сметаме дека таква инцицијатива двете наши пријателски земји да ја делат една иста улица во Варна, дополнително може да послужи за пример и за симбол на добри односи помеѓу Република Северна Македонија и Украина.
Истото се однесува и само за делот на улицата во Скопје.
Информацијата за барање за преименување на само дел од улицата е широко претставено во бугарските медиуми. Како доказ ви даваме линкови во прилог.
https://cutt.ly/nDLjcP6
https://cutt.ly/3DLkx5T
Здружението уверува дека Украина и Украинците секогаш со длабока почит се однесуваа и се однесуваат и кон братската Република Северна Македонија и кон нејзината историја, и во никој случај не сакаат иницијативата да биде толкувана погрешно, и повикува информациони портали и медиуми на достојно претставување на оваа чувствително прашање
Здружението користи оваа прилика за да уште еднаш се заблагодари на сестрана поддршка која Република Северна Македонија ѝ дава на Украина кога таа и е највеќе потребна, стои во соопштението од Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“