Повратнички гол на Ериксен во Премиер лигата во поразот на Челзи

Фудбалерите на Брентфорд во лондонската пресметка на „Стенфорд Бриџ“ во саботата во рамките 31-то коло од анлгиското првенство, го совлада со 4:1, а меѓу стрелците за гостинската екипа се впиша и Данецот Крстијан Ериксен, што е неговиот прв погодок по враќањето во англиската Премиер лига.

Челзи поведе со погодокот на Антонио Рудигер со удар од повеќе од 30 метри во 48 минута, а само 12 минути подоцна Брентфорд имаше предност од 3:1. Израмни Витали Јанелт во 50 минута, резултатскиот пресвртот го направи Кристијан Ериксен во 54 минута, а водството го удвои со вториот погодок на мечот Јенелт во 60 минута. Победата ја потврди во 87 минута ја потврди Јоане Виса.

Челзи ја прекина низата од пет првенствени победи и остана на третата позиција со 59 бодови, далеку зад водечката двојка од 29 кола. Брентфор, пак, моментално е 14-ти со 33 бодови.

Во последниот дуел во саботата Манчестер Јунајтед и Лестер Сити освоија по еден бод на „Олд Трафорд“ играјќи без победник 1:1. Гостите поведоа Келечи Ихеначо во 63 минута, но само три минути подоцна израмни за домашните Фред.

Манчестер Јунајтед моментално е на шестото место на табелата, кое води во Европската конференциска лига, со 51 бод од 30 кола, додека Лестер Сити е деветти со 37 бодови од 28 кола.

Манчестер Сити со победата со 2:0 на гостувањето кај Барнли го задржи бодот предност пред второпласираниот Ливерпул. Двата погодока паднаа во првите 25 минути од мечот. Кевин Де Брујне веќе во 5 минута ги доведе бранителите на титулата во воство, а конечниот резултат го постави Илкаи Гундоган во 25 минута.

Манчестер Сити од 30 кола има 73 бодови, еден повеќе од Ливерпул, кој во првиот саботен меч на својот „Енфилд“ го победи Вотфорд со 2:0. Португалецот Диого Жота во 22 минута ги доведе во водство „Црвените“, а победата на тимот на Јирген Клоп ја потверди Фабињао во 89 минута кога реализираше пенал. Вотфорд е во опасната зона на 18-то место со 22 бодови од 30 кола, три помалки од 17-от Еврертон кој има 27 натпревари.

Вулверхемнтон до 15-та победа во првенството пред своите навивачи дојде со победата над Астон Вила со 2:1. Џони во 7 минута ги донесе домашните во водство, а во 36 минута предноста ја удвои Ешли Јанг со автогол. Вила успеа само да намали во 86 минута, кога Оли Волкинс реализираше пенал.

Вулверхемптон моментално е седми со 49 бодови, Астон Вила, исто така од 30 натпревар собра 36 бодови и е десетти.

Брајтон дома без голови ремизираше со фенерџијата Норич Сити кој сега има само 18 бодови. Брајтон со 34 бодови е 13-ти.

Ремизираа но со резултат 1:1 и во Лидс домашниот Јунајтед и Саутмептон. Домашните поведоа преку Џек Харисон во 29 минута, а дваесет минути подоцна израмни Џејмс Вард-Проус. Саутемптон е 11-ти со 36 бодови, а Лидс Јунајтед е 16-ти со 30 бодови, осум повеќе од зоната на испаѓање.