ВИДЕО| Грците „нападнаа“ конвои на НАТО и американските сили

Грчките левичарски активисти денеска во ги „нападнаа“ конвоите на НАТО и американските сили со црвена боја. Тие ги гаѓале оклопните кои со воз се испратени во Полска.

Американските оклопни возила во последните денови беа истоварени во пристаништето Александрополис, а оттаму со железница се транспортираат во Полска.

Комунистичката партија на Грција побара железницата да одбие да опслужува возови кои превезуваат американска и НАТО опрема.