
Вкупно 2.437.000 луѓе ја напуштиле Украина во Полска од почетокот на војната, соопшти денеска полската гранична служба.
Како што пренесува Би-Би-Си, бројот на граничните премини е значително намален, а сè поголем број луѓе се враќаат во Украина.
Од почетокот на војната од Украина преку Полска влегле 421.000 луѓе, а само вчера 15.000.
Според податоците на ОН, повеќе од 10 милиони луѓе ги напуштиле своите домови во Украина од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари.
(МИА)