Замина една од легендите на вардаровите Комити, Марјан Георгиев – Мац Црни

Денеска навивачка армија „Комити“ остана без еден од најмаркантните ликови на вардаровиот Запад, на 50-годишна возраст згасна Марјан Георгиев попозната во неговиот Карпош, Скопје но и пошироко како Мац Црни.

За Мац Црни се врзуваат самите почетоци на навивачката група „Комити“ во втората половина од 1980-те години. Важеше за личност со безрезервна пожртвуваност за другарите, пријателите и соборците на трибините.

„Денеска ненадејно нѐ напушти една навивачка супер ѕвезда, човек кој Западната трибината го памети уште од основањето на групата.

Комити останаа без една навивачка икона, кој своевремено беше еден од оние кои ја основаа а потоа и предводеа групата, од времето на Сокол, заедно со него но и по него. Природен лидер, кој влеваше стравопочит кај оние кои само малку го познаваа. Оние кои го запознаа вистински, во него видоа голем другар, доследен на принципите, со Вардар во срцето до последниот ден од својот живот…
Градскиот асвалт го памети како еден силен човек, кој во својот животен век проживеа повеќе животи, култна личност кој остави трага која не може да биде избришана.
Карпош загуби една голема легенда, и човек со срце планина.
Ја победи смртта многу пати предходно, а замина онака како што живееше, онака како што судбината сакаше да биде…
Загина, но името твое нема да загине !
Загина но нема да сме мирни додека душата твоја не биде слободна!“, објави навивачката група Стара Гарда Комити.