Реал Сосиедад со „минималец“ го победи Еспањол

Реал Сосиедад во понеделникот вечерта во последниот натпревар од 30-то коло на шпанското фудбалско првенство го 1:0 го совладаа Еспањол.

Победата на домашниот тим во шестата минута од судиското продолжение на мечот од пенал ѝ ја донесе Алескадер Исак. Реал Сосиедад сега е шести на табелата со 51 боди, два помалку од петтопласираниот Реал Бетис и шест помалку од четвртата Севилја, кои ги држат местата за Лига Европа односно Лигата на шампионите. Еспањол е 12-ти со 36 бодови, десет повеќе од опасната зона.

Реал Мадрид е водечки со 69 бодови, а го следат Барселона и Атлетико Мадрид и Севилја со по 57 бодови, со тоа што Каталонците имаат натпревар помалку.