САД бараат суспендирање на Русија од Советот за човекови права при ОН

САД ќе бараат од Генералното собрание на Обединетите нации да ја суспендира Русија од Советот за човекови права, соопшти во понеделникот американската амбасадорка во ОН откако Украина ги обвини руските сили за наводно убиства на десетици цивили во Буча.

Суспендирањето поради грубо и системско кршење на човековите права може да го изгласа двотретинско мнозинство на Генералното собрание на ОН кој се состои од 193 членки.

„Учеството на Русија во Советот за човекови права е лакрдрија. Тоа е погрешно, оттаму сметаме дека е време Генералното собрание на ОН изгласа нејзино исфрлање“, бараше американската амбасадорка про ОН, Линда Томас-Грин во текот на посетата на Романија.

Украина објави дека ќе ги користи сите „достапни механизми на ОН“ за собирање докази за наводните руски злосторства во земајта. Руската Дума одгововори со закон за наводните украински злосторства врз цивилно население во доминатно руските и рускојазични региони на украинскиот југоисток кој е спротиставен на прозападните власти во Киев.

Укаинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба реака дека „за Русија нема место во Советот за човекови права на ОН“. Американската амбасадорка Томас-Грин рече дека сака гласањето да се одржи оваа седмица.

Откако на 24-ти февраури Русија започна со воената операција за којашто тврди дека е насочена во одбрана на руското население во Украина, како и за демилитирзирање и денацизирање на соседната земја, Генералното собрание на ОН со 140 гласови усвои две резолуции поднесени на САД и други земји кои немаат правни дејство со кои се осудува Русија.

„Апелирам на овие 140 земји кои храбро станаа: призорите од Бучќа и разорувањета ширум Украина бараат сега од нас да ги преточиме своите зборови во дела“, рече американската амбасадорка Томас-Гринфилд за новинарите во Романија.

Рускиот амбасодор при ОН, Василиј Небензја, кој за денеска го одложи претставувањето на аргументи и документи коишто ќе го „докажат вистинскиот карактер на случувањата во Буча“, чиишто војски го напуштија ова киевско преградие на 30-ти март, на изјавите од САД и Украина порача дека обидот за исклучување на Русија од Советот е „неверојатно“, како и дека тој потег нема да помигне во мировните преговори.

„Ова е повторно потег без преседан, со тоа нема да се олесни ниту ќе се помогне во процесот на мировните преговори меѓу Русија и Украина“, изјави Небензја на прес-конференцијата во Њујорк.

Повтори дека Русија не е одговорна за злосторствата во Буча, наведувајќи дека прикажаните снимки се „наместени“. Најави дека Русија ќе изнесе видео-докази за тоа на состанокот на Советот за безбедност при ОН кој би требало да се одржи во вторникот доцна вечерта по македонско време.

Украинските власти велат дека досега пронашле тела на 410 цивили во областите околу Киев, вклучително и во Буча.

Руските единици од 29-ти март се повлекуваат од обрачот околу Киев и на сверот, концентрирајќи се на офанзива за чистење на југоисточните проруски региони од украинските единици.

Кремљ претходно во понеделникот решително ги отфри сите обвененија во врска со наводното откритие на голем број трупови на цивили по повлекувањето на руските сили. Лавров, пак, снимките на труповите по улиците ги нарече „лажни“ како продолжение на „пропагандно-дезифорамциската кампање“ против Русија.

Истовремено, во Вашингтон високопозициониран претставник на Пентагон за медиумите изјавил дека САД немаат потврда од независни извори за информациите за бројните жртви меѓу жителите на киевското предградие Буча.

„Не можеме независно да ги потврдиме извештаите за злосторствата во Буча… Ние не можеме независно и самостојно да го потврдиме ова“, рекол за новинарите функционерот кој барал анонимност.

Руското министерство за одбрана соопшти дека сите фотографии и снимки објавено од страна на властите во Киев коишто наводно сведочат за „злосторства“ на руските војници во Буча се „уште една провокација“.

Според објавата, во времето кога оваа населба била под контрола на руските воени сили, ниеден локален жител на доживеал насилство. Министерството истакнува дека руските единици ја напуштиле Буча на 30-ти март, а излезите од градот во северна насока не биле никогаш блокирани, додека јужните периферии, вклучително и станбени населби биле гранатирани од украинската војска деноноќно од артилерија со голем калибар, тенкови и повеќекратни ракетни системи за лансирање.