
Цените на угостителските услуги во март годинава се зголемени за 2,7 отсто во споредба со претходниот месец, а во однос на март 2021 година пораснале за 7,1 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со февруари 2022 година, зголемување на угостителските цени е забележано во групите: Храна за 3,4 отсто, Алкохолни пијалаци за 1,0, Безалкохолни пијалаци за 1,1 и Ноќевања за 2,0 отсто.
Цените, пак, на угостителските услуги за периодот јануари – март 2022 година, во споредба со истиот период од минатата година се зголемени за 5,2 отсто, додека во однос на декември 2021 година пораснале за 3,4 отсто.