Финската царина заплени уметнички дела на враќање во Русија од 42 милиони евра со изговор дека се „луксузни стоки“

Финската царинска служба објави во средата дека го запрела враќањето во Русија на уметнички дела во вредност од 42 милиони евра поради санкциите од Европската унија, и најави дека за тоа како натаму ќе се постапува со уметничките дела во руска сопственост ќе се советува со Брисел.

Финска всушност со овој потег без преседан во историјата запленила изминатиот викенд три транспорт на слики, статуи и антиквеитети кои биле позајмени на музие за изложби во Италија и во Јапонија, а враќањето во земјата на потеклото се изведувал преку Финска.

Сами Ракшит од Фински царини толкувал дека уметничките дела се сметаат за „луксузна стока“ и оти наводно подложи на санкции кои ЕУ ѝ ги вовела на Русија поради нејзината воена операција во Укараина.

Запленитите уметнички дела и натаму ќе бидат во сопственост на Русија и ќе бидат ставени под надзор на Финската агенција за културна оставина, соопштија од царината. Во врска со овој случај „за кршење на санкциите“ се осомничени десте лица, според финските царини.

Руската новинска агенција РИА го цитираше руското министерство за култура коешто извести дека уметничките дела биле на позајмица во Италија од збирката водечки руски музеи, како што се „Ермитаж“ и „Царское село“ во Санкт Петербург, како и славната московска галерија „Третјајков“. Уметничките дела, пак, кои биле враќани од Јапонија се сопственост на државниот музеј за убави уметности „Пушкин“.

Руското министерство за надворешни работи го нарече „правно безаконие“ финското запленување на руските уменитчки дела и старини. Притоа истакна дека Москва од Хелсинки чека „брза одлука за осигурување на враќањето враќањето со нејзините уметнички дела“.

Во март два музеи во Милано соопштија дека се подготвени да вратата позајмени уметнички дела на руски музеи кои побарале предвремено враќање.