
Никол Шерцингер веќе со години наназад важи за една од најзгодните жени во светот, а таа „титула“ ја потврдија и новите фотографии кои ги објави на Инстаграм.
Членот на групата „The Pussycat Dolls“ позираше во бикини, а до израз доаѓа нејзината совршена линија и затегнатиот задник.
-Имајте пријатна недела, на сите ви посакува… повлечете на десно за да дознаете, напишала Никол Шерцингер.
Музичката ѕвезда беше „опсипана“ со лајкови и коментари.
„Изгледаш фантастично“, „Ми го разубави денот“, „Прекрасна“, беа дел од коментарите.
Никол Шерцингер веќе подолго време е во врска со Том Еванс, поранешен рагбист од Шкотска.