
Прекинато водоснабдување денеска од 08:30 часот ќе имаат корисниицте на улицата „Периша Савелиќ“ и Кабинетот на претседателот на државата.
Прекинот, како што соопшти „Водовод и канализација“, е поради промена на шибер ф 80 милиметри на улица „Периша Савелиќ“ број 8.
Без вода од 9 часот ќе бидат и жителите во зградата 14 на улицата „Крсте Мисирков“ и поликлиниката Бит пазар, додека со намален притисок ќе бидат населбите Автокоманда, Маџари, Хиподром, Ченто и Трубарево. Прекинот ќе трае до завршување на работните активности.