НБА: Јута поразена во дербито со Феникс

Во дербито на Западната конференција во НБА лигата, Феникс Санс на гостувањето ги совладаа Јута Џез со 111:105.

Санс со оваа победа ја потврдија првата позиција на Западот, додека Јута е моментално на петтото место пред последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната.

Јута во текот на мечот имаше предност и од 17 коша, но гостите успеаја да ги надоместата во одличната последна четвртона која ја добија со 36:13. Интересно е што Јута оваа сезона загуби дури 16 натпревари во кои имаше двоцифрена предност.

Кај домашните Руди Гобер го впиша својот 52-ри „дабл-дабл“ со 16 поени и 12 скокови,а хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ беше најефикасен со 21 кош и 7 скокови. Кај Санс, пак, најефикасен беше Девин Букер со 33 коша, Крис Пол додаде 16 поени и 16 асистенции, додека Деандре Ејтон впиша 19 коша и 10 скокови.

Џез го завршува регуларниот дел од сезоната во неделата вечерта во Портланд, истоврмено кога Денвер Нагетс ќе ги пречекаат Лос Анџелес Лејкерс без Леброн Џејмс. Јута со победа би ја обезбедила позицијата на Западот, а доколку биде порзена а Денвер победи, ќе падне на шестото место.

Актуелните прваци Милвоки Бакс на гостувањето ги победија Детроит Пистонс со 131:101, обезбедувајќи го најмалку третото место во Источната конференција, а може да бидат и втори.

Бакс силно влегоа во мечот и по првата четвртина водеа со 30:8. До победата ги водеше Јанис Адетокумбо со 30 коша, 13 скокови и 8 асистенции. Брук Лопез додаде 17 коша а Крис Мидлтон 15 коша. Кај домашните Пистонс Родни Мекгрудер уфрли 26 коша, додека Садик Беј додаде 20 поени.

Бруклин Нетс предводени од Кевин Дјурант надоместија 17 поени заостанување и на крајот со 118:107 ги победија Кливленд Кавалирс. Дјурант постигна 36 коша со пет скокови и пет асистенции. Кајри Ирвинг додаде 18 коша со осум асистенции, додека Брус Браун за малку не впиша „трипл-дабл“ со 18 поени, 10 скокови и 8 асистенции. За Кавалирс, Дариус Гарланд постугна 31 кош, додека Лаури Мркканен и Ивен Мобли додадоа по 17 поени.

По сезоната исполнета со компликации, работите се конечно поедноставни за Бруклин Нетс. Ги добија двата домашни меча и влегоа во доигрувањето. Нетс ова сезона играа 21 пат без Дјурнат кој имаше проблеми со коленото, како и Ирвинг кој не е вакциниран против коронавирусот и пропушти повеќе натпревари. Во февруари тимот го напушти и Џејмс Харден, па не го покажаа она што се очекуваше од нив.

Водечкиот тим на Истокот, Мајам Хит славеа против Атланта Хокс со 113:109. Мајами и пред овој натпревар го обезбеди првото место во конференцијата, а Хокс може да бидат нивните први противници во првата рунда од доигрувањето.

Дуелот мина во натпреварувачки ритам, а домашните победа ја изборија во самата завршница. Бем Адебајо ги предводеше со 24 коша, а Џими Батлер уфрли 20 поени. Три Јанг ги водеше гостите со 35 коша.

РЕЗУЛТАТИ

Детроит Пистонс – Милвоки Бакс 101:131
Вашингтон Визардс – Њујорк Никс 92:114
Бруклин Нетс – Кливленд Кавалирс 118:107
Торонто Репторс – Хјустон Рокетс 117:115
Мајами Хит – Атланта Хокс 113:109
Чикаго Булс – Шарлот Хорнетс 117:133
Далас Маверикс – Портланд Трејл Блејзерс 128:78
Јута Џез – Феникс Санс 105:111
Лос Анџелес Лејкерс – Оклахома Сити Тандер 120:101

 

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Мајами Хит 53 28 65,4
Милвоки Бакс 51 30 63,0
Бостон Селтикс 50 31 61,7
Филаделфија 76ерс 49 31 61,3
Торонто Репторс 48 33 59,3
Чикаго Булс 45 36 55,6
Бруклин Нетс 43 38 53,1
Кливленд Кавалирс 43 38 53,1
Атланта Хокс 42 39 51,9
Шарлот Хорнетс 42 39 51,9
Њујорк Никс 36 45 44,4
Вашингтон Визардс 35 46 43,2
Индијана Пејсерс 25 55 31,3
Детроит Пистонс 23 58 28,4
Орландо Меџик 21 60 25,9

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Феникс Санс 64 17 79,0
Мемфис Гризлис 55 25 68,8
Голден Стејт Вориорс 51 29 63,8
Далас Маверикс 51 30 63,0
Јута Џез 48 33 59,3
Денвер Нагетс 48 33 59,3
Минесота Тимбервулфс 46 35 56,8
ЛА Клиперс 40 40 50,0
Њу Орлеанс Пеликанс 36 44 45,0
Сан Антонио Спарс 34 46 42,5
ЛА Лејкерс 32 49 39,5
Сакраменто Кингс 29 51 36,3
Портланд Трејл Блејзерс 27 54 33,3
Оклахома Сити Тандер 24 57 29,6
Хјустон Рокетс 20 61 24,7